Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Законот за трговија е дециден, секој има право да тужи, не отстапуваме и нема да дозволиме некој да заработува на грбот на граѓаните
Македонија

Бектеши: Законот за трговија е дециден, секој има право да тужи, не отстапуваме и нема да дозволиме некој да заработува на грбот на граѓаните

03/03/2023

AA

Сите одлуки кои ги носиме се согласно Законот за трговија. Законот за трговија е дециден и таму е наведено и во членот 29 и во членот 30  какви мерки може да донесе Владата на предлог на Министерството за економија. Секој има право да тужи, ова е демократска држава. Отстапки нема да има. Ние не правиме никаков притисок, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Дневникот на Сител телевизија како одговор на најавата на мелничко-пекарската индустрија дека одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари и обврската на пекарите да произведуваат и испорачуваат леб од 33 денари е незаконска.

„Колку што имаме информации, раководставото на овие здруженија ја немаат поддршката од нивните членови, најавија дека ќе повикат на бојкот. Имаме доставени дописи од страна на чесни стопанственици кои произведуваат леб во рамки на нивното здружение како им прават притисоци дека ќе бидат црни овци ако произведуваат леб од 29 и 30 денари, а тоа го прават од лични интереси. Оние кои го предложија овој бојкот имаат личен интерес и голем удел од пазарот“ кажа министерот Бектеши. Според министерот дел од компаниите веќе се казнети од Државниот пазарен инспекторат за непочитување на одлуката за продажба на леб по цена од 33 денари на бел и полубел леб.

„Инспекциите на терен ќе продолжат да проверуваат. Се работи за 4-5 компании. Вакви нечесни стопанственици не треба ни да работат во државата и да не се занимаваат со овој бизнис. Сите овие компании според податоците од финансиските извештаи за 2022 година имаат зголемени профити, ние сме сите да работат успешно, но тоа да не биде на грбот на граѓаните.

Министертот ја повика опозицијата заедно да се донесе што побрзо Законот за солидарност каде што се вклучени сите оние компании кои направиле големи профити во државата и да плаќаат дополнителни даноци кои се до 30% од добивката.

“Ја повикувам опозицијата да не го блокира овој закон“ кажа министерот Бектеши.

Министерот појасни дека главно барање на компаниите од прехранбената индустрија беше да имаат субвенционирана струја што ќе влијае на намалување на цените, и Владата веднаш им излезе во пресрет.

„Сами кажаа дека ќе има намалување на цените до 12-13 проценти. Кај некои од компаниите имаше намалување на цените, но најголемите кои го покриваат најголемиот дел на пазарот немаа намалување на цената на производите и сакаа да профитираат од субвенционираната струја од Владата“ кажа министерот Бектеши, и дополни дека како резултат на ова Владата одлучи да ја укине субвенционираната струја за нив.

Бектеши истакна дека додека е ова раководство во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба со нив, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката истите ја прекршија додека работеа на црно“.

Министерот кажа дека се Министерството за економија прави анализи за замрзнување на цените на други основни прехранбени производи.

“Сите производи кои се наведени во Одлуката за ограничување на маржата се анализираат, во моментов конкретно се анализираат цените на тестенините и на млечните производи и најверојатно до крајот на следната недела ќе видиме што ќе покаже анализата и ќе донесеме соодветни одлуки“ кажа министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy