Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Владата не смее двојно да ги субвенционира компаниите со унгарскиот кредит
Економија

Бектеши: Владата не смее двојно да ги субвенционира компаниите со унгарскиот кредит

14/11/2024

AA

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија „Вин Вин“ на Телма, рече дека државата не смее да им дели поволни кредити на компаниите и да ја субвенционира каматата од унгарскиот заем од 250 милиони евра, ако претходно некој од тие бизниси веќе добиле каква било форма на државна помош.

– Во Македонија е забрането двојното субвенционирање. Тоа треба да се пријави во Комисијата за заштита на конкуренцијата и да се провери. Ако каматата што деловните банки ќе им ја наметнат на компаниите што ќе аплицираат биде 5,25 отсто и при тоа државата од тоа субвенционира 2,25 отсто, тоа по мои пресметки би било 8 милиони евра пари годишно од државниот буџет. Ако кредитите се 15 годишни, за 15 години тоа би било 120 милиони евра, рече Бектеши.

Функционерот на ДУИ се сомнева дека стопанството има потреба од дури 250 милиони евра од унгарскиот кредит за модернизација и опремување, во ситуација, како што рече, кога домашните банки работат со голема ликвидност.

 Коментирајќи го предлог Буџетот за 2025, рече дека има помалку пари за конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници од законскиот договор.

„Има помалку пари предвидени за Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Која е причината, треба да објаснат. Дали немаат доволно капацитетити за решавање на спорови и експропријација за да отворат терен ан Бехтел и Енка или слично“, наведе тој.

Бектеши додаде дека за три до четири пати се зголемени ставките во Буџетот за 2025 за купување службени возила, а за 7-8 пати за купување мебел.

„Договорните услуги се зголемени за над 13 отсто, парите се зголемени и за привремени вработувања. Што значи тоа? Дека сакаат да го одолговлечат Законот за еднаква етничка застапеност, за да ги направат тие вработувања по партиски клуч?“, прашува Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy