Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши вели дека Македонија е најевтина земја во регионот
Македонија

Бектеши вели дека Македонија е најевтина земја во регионот

08/05/2023

AA

Мерките дадоа резултат. Северна Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што ние можеме да имаме влијание согласно различни мерки, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши, посочувајќи дека во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври кога почна ценовниот шок намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто.

Бектеши смета дека овој тренд на намалување на инфлацијата ќе продолжи, а ако не се случи нешто непредвидливо, очекува во јуни таа да биде под пет отсто.

-Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалоци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалоци, посочи Бектеши.

Министерството за економија, рече бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и во трговијата на мало, а паралелно на тоа, не се укинати ниедна од мерките во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголеми нивната продуктивност, да се зголеми производството, но и конкурентноста.

Во однос на цените на прехранбени производи, Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да оддржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.

-Само од октомври 2022 до крајот на април годинава, имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава, рече Бектеши.

Според него, цените на суровините и цените на енергенсите се на ниво на кое можат дополнително да се намалуваат, а Владата, како што рече, почнува процес на консултации за дизајнирање на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории на граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy