Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕКТЕШИ ПОЈАСНУВА ПОСЛЕ БЕСИМИ? – „Цените ќе останат замрзнати до 30 ноември, ако има техничка грешка кај Финансии, таа ќе се корегира
Економија

БЕКТЕШИ ПОЈАСНУВА ПОСЛЕ БЕСИМИ? – „Цените ќе останат замрзнати до 30 ноември, ако има техничка грешка кај Финансии, таа ќе се корегира

07/10/2023

AA

Министерството за економија, како што напиша на Фејсбук министерот Крешник Бектеши, целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која беше донесена пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од пет проценти, напиша Бектеши.

Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, според Бектеши, доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели.

Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има.

Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 отсто.

Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата.

Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“, напиша на фејсбук Бектеши.

Порака дека нема да се зголемат цените на основните прехрабени производи упати и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

-Инспекторатот ќе продолжи да постапува по донесените одлуки на Владата и ќе проверува дали во маркетите кај соодветните производи стои ознаката „гарантирана цена“. Оној што нема да ги почитува владините одлуки за намалените цени, ќе биде казнет без селекција, истакна во пишана изјава Трајковски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy