Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Отворени сме за конкретни, но одржливи предлози од коморите
Македонија

Бектеши: Отворени сме за конкретни, но одржливи предлози од коморите

21/03/2023

AA

Сите одлуки за цените се донесени по директни разговори со производителите и се информирани и стопанските комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора на Северна Македонија, рече министерот за економија Крешник Бектеши, коментирајќи ги денешните апели од коморите да престане замрзнувањето на цените и да се воведат други механзими за нивно намалување и за помош на граѓаните.

Според Бектеши, Министерството за економија е отворено за конкретни предлози за други мерки, механизми и методологии но кои, како што нагласи, се одржливи. Досега добиле конкретен предлог само за укинување на сите царински давачки, што посочи дека е неодржливо и на краток и на долг рок.

На новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше објавено замрзнувањето на цените на оризот и јацата, Бектеши повтори дека нема да разговара со актуелното раководство во секторот за производство на леб во Сојузот на стопанските комори, туку директно со сите производители.

-Во делот на Сојузот на стопански комори и во нивниот сектор за производство на леб, јас сум кажал дека додека е ова раководство, јас како министер за економија нема да седнам со нив да разговарам, но ќе разговарам директно со сите производители во државата заради тоа што тие што требаше да ја почитуваат одлуката и што ги претставуваат сите членки, самите тие злоупотребуваат и ги лажат своите членови што ги имаат во нивната комора и работат надвор од законот, а вие тоа го знаете и веќе е јавно направено, рече Бектеши.

Отворени сме, дополни, ако има конкретни предлози за одредени други механизми, друга методолгија и мерки кои треба Владата да ги прегледа и да ги реализира во согласност со стопанските комори да седнеме и да разговараме.

-Не би сакал да кажам со паушални изјави, но ако конкретно нешто се дава како предлог може да го дадат и до кај нас како институции, може и јавно да го презентираат пред граѓаните. И ако е одржливо секако ние сме подготвени да прифатиме предлози кои доаѓаат од стопанските комори. Само имаме конкретен предлог во делот на укинување на сите царински давачки. Таков предлог моментално е пристигнат во Министерството за економија. Такви предлози за укинување на сите царински давачки мислам дека не се одржливи ниту во краток, ниту во долг рок, рече Бектеши.

И премиерот Димитар Ковавевски потенцираше дека одлуките се носат со производителите и со трговците поединечно за секој производ. И затоа, посочи, одлуките се носат така како што се завршуваат анализите и таму каде што може да се донесат. Кога замрзнуваме одредена цена на ниво определно со одлуката тогаш се внимава да има доволно количини во продажбата кои одговарата на побарувачката. Не може да има генерално замзрнување заради тоа што може а се внесе некој производ на кој реално не може да му се замзрне цената, рече Ковачевски, на новинарско прашање.

Како што соопштија претходно Ковачевски и Бектеши, Владата денеска ги змазрна и цените на оризот и на јајцата, откако претходно тоа беше направено и со цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на млечните производи.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) во пресрет на прес-конференцјата во Владата побараат да се престане со замрзнување на цените на основните прехранбени производи и наместо тоа да се најдат други можности за намалување на цените за крајните корисници, како што се намалување на даноци и ДДВ и интервенирање преку државните резерви.

И од Стопанската комора на Северна Македонија порачаа дека амрзнувањето на цените не е пазарно решение, а товарот од кризата, како што рекоа, не треба да го носи само една индустрија, туку треба да падне врз грбот на сите по малку. Прдлоѓија државата да даде таргетирана финансиска помош на ниво на семејства кои би купувале леб по замрзнати цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy