Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати!
Македонија

Бектеши: Мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати!

26/10/2023

AA

Мерката за замрзнување на цените на производите до 30 ноември годинава е одлична мерка што дава резултати и е поддржана од страна на потрошувачите, а податоците и анализите што ги имаме за нејзиното спроведување даваат простор да се продолжи до крајот нагодинава за да нема нарушување на пазарот во декември кога има поголема потрошувачка, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-На денешниот настан ќе имаме можност отворено и транспарентно да дискутираме за тоа со стопанските комори и со чинителите. Очекуваме нивни сугестии како да се подобрат мерките и да бидат во насока на намалување на цените. Според моменталните податоци и анализи мерката најверојатно ќе продолжи до крајот на годината, изјави Бектеши пред почетокот на Деветтиот FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг.

Прашан дали мерката може да се коригира во делот на промоциите и акциите како што бараат стопанствениците, Бектеши рече дека и сега може да се прават акции и промоции.

-Колку што сум информиран и со постојната мерка имаат можност да прават акции и промоции само што во делот на производите кои се означени со „гарантирана цена“ треба да го наведат фактот дека тоа е дополнително намалување, а не е акција заради истек на рок за да биде јасно за потрошувачите. Доколку,пак, е акција за ради истек на рок и тоа јасно, прецизно и концизно треба да биде наведено за да не се стават во заблуда потрошувачите и граѓаните, прецизира Бектеши.

Комерцијалниот директор на фабриката за кондиторски производи „Лион“ Свети Николе, Никица Павлоски, пак, посочи дека со одлуката на Владата за замрзнувањето на цените фирмите бележат пад на продажбата од 20 до 30 проценти, а како проблем кој дополнително ја отежнува ситуацијата ја посочи забраната за акции и промоции заедно со покачувањето на стапката на ДДВ за некои производи.

-Граѓаните со години се научени да купуваат производи на промоција. Сега промоциите се забранети, а дел од производите се покачени со покачувањето на ДДВ-то. Очекувам Владата да ја прекине одлуката барем во делот на промоциите, а за замрзнатите цени не можам да кажам бидејќи ние немаме производи од референтната листа. Секаде во регионот промоциите и акциите функционираат иако има замрзнати цени, изјави Павлоски.

Препорача промоциите и акциите да продолжат и кај нас и за тоа да се најде некој заеднички механизам меѓу Владата, производителите и трговците.

-Доколку сакаат по секоја цена да ги намалуваат цените на производите тогаш треба да разговараме во делот на суровините. Ние сме увозна земја, ги увезуваме сите суровини и немаме свое производство. Затоа ни треба долгорочна стратегија како да најдеме поевтини суровини, рече Павлоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy