Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Еден од договорите со стратешките инвеститори е многу спорен
Економија

Бектеши: Еден од договорите со стратешките инвеститори е многу спорен

09/02/2024

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека, по негово мислење, треба да се променат некои делови од договорите со трите стратешки инвеститори кои во моментов се озаконуваат по брза постапка во Собранието. Претходно, Собранието изгласа потреба по брза постапка да се озаконат специјални договори со „Митилинеос“, „АИМ Греен Тецх“ и „Акуо енерџи“.

– Јас лично, заедно со мојот тим, сметаме дека треба да има промени во некои делови., или пак таму одново да се репреговара со заинтересираните страни, рече Бектеши.

Министерот рече, без да открива, дека еден од договорите со стратешките инвеститори делува „многу сомнително“ и дека таму воопшто не бил вклучен тимот на Министерството за економија.

– Со двајца инвеститори има мислења од меѓународни експертки институции и таму делува дека се е во ред, но кај еден друг ние воопшто не бевме вклучени и мислам дека таму треба да има повторно нови преговори. Ако е потребно, ние сме подготвени да поднесеме барање да се вратат преговорите во формална владина процедура, нагласи Бектеши.

Министерот не сакаше да открие кој е тој инвеститор, но напомена дека во предвид ги земал и мислењата на Државното правобранителство, Комисијата за заштита на конкуренцијата, неколку релевантни министерства, ЕСМ и МЕПСО.

Најспорно за министерот е тоа што еден стратешки инвеститор ќе добие неколку видови на државна помош, а тоа не е предвидено во новите законски решенија за енргетика и обновливи извори на енергија.

– Никаде го нема тоа еден инвеститор кој добил државна помош во смисла на гарантиран откуп на електрична енергија, да добие и директна државна (финансиска) помош, искоментира Бектеши.

Министерот, според она на што алудираше, најмногу сугестиите водат кон „Митилинес“, грчката гасна централа, киоја ќе добие загарантиран откуп на електричната и топлинска енергија, како и 50 милиони евра помош од државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy