
Бектеши: „е-ГО“ го потпиша договорот со изведувачот за изградба на фабриката
Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека многу брзо ќе почне изградбата на фабриката за електрични автомобили „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ во Тетово.
Тој рече дека имаат рок од 2 години да почнат да ја градат фабриката од моментот на потпишување на договорот. Според него веќе е потпишан договорот меѓу „е-ГО“ и изведувачот кој ќе ја гради оваа фабрика.
„Потпишан е договор помеѓу е-ГО и тој што ќе ја изгради фабриката која ќе започне за многу кратко време. Е-ГО е сериозна компанија зад која стои сериозна групација и се базираме на потпишани договори. Работите од наша страна како Влада се завршени во рекордно време. Имаат рок, во рамките на договорот, од 2 години да почнат со работите. Сега имаме информации дека е потпишан договорот за изградба на фабриката“, рече Бектеши.
