
Бектеши: Бугарија не уценува со природниот гас
Министерот за економија денеска во изјава за медиумите, на новинарско прашање како ќе влијае зголеменото оданочување на Бугарија на природниот гас, изјави дека во моментов Македонија е уценета да изгради втор гасовод на бугарската граница. Според Бектеши, Македонија има право на ослободен капацитет на актуелниот гасовод што не поврзува со Бугарија. Тој додаде дека Македонија ќе бара отштета доколку наиде на условување.
Бугарија воведе такса од 10,23 евра за мегават-час руски гас што транзитира низ територијата на нашиот источен сосед. Таксата е воведена преку Законот за контрола на спроведувањето на рестриктивните мерки против Русија и се однесува на увоз и транзит на суровина. Воведувањето на таксата доби зелено светло и од бугарскиот парламент. Дополнителната такса може да ѝ обезбеди на Бугарија до 1,3 милијарда евра годишно, но ги оптоварува оние држави што преку цевката во Бугарија се снабдуваат со овој енергент од Русија.
Според Бектеши, Македонија има право да купува и гас од Азербејџан, како и од други извори, но во таа ситуација Бугарија бара уште еден гасовод од Македонија, која во моментов се снабдува само од едно место кај Крива Паланка.
– Ние минатата година ослободивме неколку количини во делот што го имаме од договорот со Бугарија и тоа . Меѓутоа, Бугарија има барање да имаме втор гасовод. Ние до крајот на годината ќе започнеме со изградба на вториот гасовод со Грција, што е приоритет и е целосно поддржан од страна на ЕБОР, ЕИБ и од нашите стратешки партнери.
Уцени во делот на начинот како Македонија ќе ги инвестира и диверзифицира, не се прифатливи од никого. Ако си мислат дека на ваков начин. Тие уцени нема да им поминат и ние ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. И тука нема да има компромис. Во делот на ослободување на капацитетите – тоа се начела на либерализација што ги бара ЕУ. Не може таксата да важи само за една земја, рече Бектеши.
