Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕКТЕШИ ЈАСНО ИМ КАЖА НА СЛУПЧАНИ – сите мора да си ја плаќаат потрошената струја, проблемот денеска ќе биде решен
Економија

БЕКТЕШИ ЈАСНО ИМ КАЖА НА СЛУПЧАНИ – сите мора да си ја плаќаат потрошената струја, проблемот денеска ќе биде решен

06/07/2023

AA

Проблемот со снабдување со електрична енергија во
селото Слупчане денеска ќе биде решен. Сите граѓани мора да плаќаат за
потрошената електрична енергија, а Министерството за економија ќе помогне во
секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме,
кажа во изјава за медиумите министерот за економија Бектеши откако поради
неовластено користење на струјата од страна на мештаните настана дефект на
преносната мрежа на електрична енергија во неколку села во Липковскко.

„Министерството за економија согласно надлежностите
кои произлегуваат од Законот за енергетика и подзаконските акти креира клима се
со цел да се намалат загубите на електрична енергија во делот на пренос и
дистрибуција и во делот на кражбите кои ги има. Јас лично сум вклучен во овој
процес и сакам да им порачам на сите граѓани дека електрична енергија мора да
се плаќа насекаде. Како што беше и случајот со Арачиново и со други населени
места, секој граѓанин треба да плати за потрошената струја, така функционира и
пазарна економија и регулирана економија, бидејќи цената на струјата на
електричната енергија е регулирана во нашата земја. Целосно сме посветени
загубите да бидат минимални. Од минатата година до сега, со поддршка и на
Министерство за економија и другите институции загубите се значително намалени.
ЕВН имаат право согласно регулативата да постапат во овие случаи како што има
земено обврска да работат на надградба на мрежата се со цел подобрување на
услугите кои ги даваат на сите граѓани“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека разговарал со
градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи дека ситуацијата во Слупчане ќе
биде решена и екипите на Електродистрибуција ќе може непречено да работат на
отстранување на дефектите и надградба на дистрибутивната мрежа.

„Разговарав со градоначалникот Арифи, кој заврши
одлична работа, колку што имам информација, разговараше со сите населени места,
ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да
излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени
место. Но морам уште еднаш да кажам дека сите граѓани имаат обврска да плаќаат
за потрошената електрична енергија“ кажа Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy