
Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на ВЛЕН
Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и за последната одлука на Движењето Беса, кое го разреши целото раководство, во функција на спојувањето на ВЛЕН.
Ќоку изјави дека Беса е ВЛЕН и ВЛЕН е Беса.
„Движењето Беса може да ја напушти Владата само кога ВЛЕН ќе ја напушти Владата. Не само ако излезе Беса, излегува и ВЛЕН, туку секоја одлука на Беса е одлука на ВЛЕН. Беса е ВЛЕН, ВЛЕН е Беса, уште малку, затоа што се надевам дека нема да има ни Беса, ни ЛД, ни АШ, ни Алтернатива, туку ќе има само ВЛЕН. И Билал Касами ќе зборува и зборува во име на ВЛЕН, како што зборуваат Изет Меџити, Беким Сали, Арбен Фетаи, Беким Ќоку – тие зборуваат како ВЛЕН“, рече Ќоку.
Запрашан за Фатмир Лимани, Ќоку рече дека не може да се меша во тоа кого премиерот повеќе го преферира од министрите.
„Во моментов Лимани е во структурите на Движењето Беса кои сè уште се функционални. Јас не можам да се мешам кого премиерот повеќе го сака од министрите“, изјави Ќоку.
