Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бехтел и Енка нема да плаќа данок, царина и акцизи
Економија

Бехтел и Енка нема да плаќа данок, царина и акцизи

08/04/2023

AA

Група пратеници од власта во Собранието поднесе предлог за измени на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање за имплементирање на стратешки партнер за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10д со што изведувачот Бехтел и Енка нема да треба да плаќа даноци и царински давачки.

„Со предлозите за измена и дополнување
се овозможува поедноставување на
прометот и ослободување од данок на
додадена вредност и акциза на
енергенти за прометот на добра и услуги
кој е извршен кон Инвеститорот од
страна на Стратешкиот партнер како и
прометот кон Стратешкиот инвеститор
за цели на проектот од овој закон“, се вели во предлогот.

На конзорциумот ќе му следува ослободување од данок на додадена
вредност, увозни давачки, нема да ја плаќа акцизата за гориво како и данокот на моторни возила. Законот ќе се носи по скратена постапка. Поставен е на собранискиот дневен ред уште на 10 април.

„Со предлозите за измена и дополнување
се овозможува поедноставување на
прометот и ослободување од данок на
додадена вредност и акциза на
енергенти за прометот на добра и услуги
кој е извршен кон Инвеститорот од
страна на Стратешкиот партнер како и
прометот кон Стратешкиот инвеститор
за цели на проектот од овој закон.
Исто така со предлозите за измена и
дополнување се предвидува
ослободување од данок на додадена
вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на
увозот кој е извршен од страна на
Стратешкиот партнер за цели на пректот
опишан во законот“, се вели во образложението.

„Целта на измената и дополнувањето на
законот е да се овозможи забрзана
реализација на проектот од јавен
интерес а со цел изградба на делниците
Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар
– Букојчани и проектот за автопатот
Требеништа – Струга – Ќафасан) и
Коридорот 10 д (делница на автопатот
Прилеп– Битола) во Република Северна
Македонија

Потребата од ослободување од јавни
давачни и даноци за наведениот проект
е неопходна за забрзана и непречена
реализација на проектот од јавен
интерес од овој закон.“, пишува во образложението.

Бехтел и Енка во рамки на овие олеснувања нема да смее да потроши повеќе отколку што е пропишано во договорот за изградба, каде што е познато дека пресметката на сумата потребна за целиот прокет изнесува 1,3 милијарди евра.

Во предлог-законот пишува и дека сето она што ќе го увезе Бехтел и Енка, со оглед на тоа што нема да плаќа царинење, нема да смее да го отуѓи и да го даде на друг во следните три години.

Подзаконските акти кои ќе го регулираат ова треба да се донесат од надлежните институции за 60 дена откако ќе стапат во сила измените. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy