
Бехтел и Енка ги вклучи машините во Македонија
Одбележувањето на камен темелникот на автопатот Прилеп – Битола како дел од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д од изведувачот Бехтел и Енка беше проследен и со почеток на градежните работи од страна на американско-турскиот конзорциум.
Градежните работи започнаа во присуство на државниот врв и останатите гости и претставници. Инаку камен-темелникот на Коридор 8 во Тетово на 4 април беше означен без лопати и градежна механизација.
– Нема подобар момент да се собереме сите овде заедно со пријателите на Северна Македонија, земјите-членки на Европската Унија и заеднички да го означиме стартот на градежните работи на инфраструктурниот проект којшто е најголем во поновата историја на земјата а кој се реализира овде во Пелагонискиот регион, рече пред присутните министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

