Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бехтел и Енка“ доби уште 7,2 милиони евра, ќе започне ли конечно градењето на автопатите?
Економија

„Бехтел и Енка“ доби уште 7,2 милиони евра, ќе започне ли конечно градењето на автопатите?

08/08/2023

AA

Министерството за транспорт и врски на 28 јули му префрли уште 443.602.000 денари на јавното претпријатие „Државни патишта“, што е трета трансакција по ред наменета за „Бехтел и Енка“, изведувачот кој треба да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10д.

Од „Државни патишта“ потврдуваат дека овие 7,2 милиони евра се наменети за проектот за изградба на автопатите од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, а од таму додаваат дека не станува збор за вонредна сума која треба да му се исплати на изведувачот.

„Јавното претпријатие за државни патишта известува дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д, а согласно со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на Коридорите 8 и 10 д за 2023 година усвоена од Владата на РСМ и објавена во Службен весник бр.63/23, исплатени се средства во висина од 443.602.000 денари.

Овие средства се наменети за плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабараторија и други работи од страна на изведувачот“, гласи одговорот кој го добивме од ЈПДП.

Јавното претпријатие на 23 јуни доби 53,33 милиони евра за „Бехтел и Енка“, а претходно на 26 април беа исплатени 117 милиони евра. Тоа значи дека до „Бехтел и Енка“ досега се префрлени околу 175 милиони евра.

Последната трета трансакција не е усогласена со владината Програма за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, според која „Бехтел и Енка“ прво требаше да добие 117, па 50 и 25,5 милиони евра како трета исплата.

Според овој документ, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат уште две суми од 25.500.000 и 49.500.000 евра, што се заедно на куп би било околу 250 милиони евра.

Владата досега организираше три настани во врска со почетокот на изградбата на овој проект, иако засега нема интензивни и видливи теренски активности од градежниот оператор. Последниот настан беше на 1 јуни кога беа одбележани активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар.

Според последната изјава на директорот Ејуп Рустеми дадена во јули, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата. Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација.

-Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и корисорот 10д. Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација. Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни за проектирање на сите траси и патните коридори. Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата кои проектираат ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме најверојатно следната недела да доставиме барање до Министерството за танспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријацијата, а потоа и со градежните работи, истакна Рустеми.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

13/04/2026

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy