
„Бехтел и Енка“ бараат работници на скопските плоштади и молови
Од вчера продолжува презентацијата на профилите и критериумите за вработување во Бехтел&Енка и на плоштад Скендербег, плоштад Македонија и Капитол Мол во Скопје.
Барањето на рбаотници за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д ќе трае до 30 октомври.
Првиот вицепремиер Артан Груби потсетува дека се бараат 2.000 работници и ги повика заинтересираните да испратат свое CV на официјалната мејл адреса.
„Ве поканувам сите да ги посетите овие точки на презентација, да се информирате за можностите и да аплицирате, добивајќи професионален бенефит и станувајќи директен придонесувач во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8 и 10Д“, објави Груби.

