Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бебињата родени во пандемијата развија „фасцинантна“ заштита
Македонија

Бебињата родени во пандемијата развија „фасцинантна“ заштита

05/03/2024

AA

Научниците откриваат значителни разлики во развојот на цревниот екосистем на доенчиња родени кога имало ограничувања за физичко растојание, во споредба со бебињата родени пред коронавирусот.

Изолацијата воведена за време на пандемијата на Ковид доведе до промени кај новороденчињата кои можеби ги заштитиле од алергии, покажува новото истражување, пишува Sky News .

Ирските научници открија дека бебињата израснати кога имало ограничувања како физичко растојание поради коронавирусот, имаат повеќе корисни микроби стекнати од нивните мајки по раѓањето, што може да дејствува како одбрана од болеста.

Научниците веруваат дека ова доведе до тоа „бебињата во пандемија“ да имаат помалку алергиски состојби, во споредба со бебињата пред Ковид.

Наодите, објавени во списанието Алергија, ги истакнуваат придобивките за здравјето на цревата за младите луѓе како резултат на изолацијата за време на Ковид-19, вклучително и пониски стапки на инфекција и последователна употреба на антибиотици и подолго времетраење на доењето.

Екосистемот на природни бактерии во цревата, познат како микробиом, игра клучна улога за здравјето на луѓето. Истражувачите анализирале примероци од столицата на 351 бебе родено во првите три месеци од пандемијата, споредувајќи ги со групата пред пандемијата.

Примероците од столицата се земени на возраст од шест, 12 и 24 месеци, а алергиско тестирање е направено на возраст од 12 и 24 месеци. Студијата истакна значајни разлики во развојот на микробиомот на бебињата родени во периодот на карантин во споредба со бебињата родени пред пандемијата.

Истражувањето покажа дека само околу пет проценти од бебињата во изолација развиле алергија на храна до првата година, во споредба со 22,8 проценти во групата пред Ковид. Помалку инфекции поради неизложеноста на бактерии ја намалија и потребата од антибиотици, кои ги убиваат добрите бактерии, пренесува N1 Загреб.

Само на 17 отсто од бебињата од изолација им биле потребни антибиотици до својата една година. Во групата пред пандемијата, 80 проценти од доенчињата земале антибиотици до 12 месеци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy