
БЕА ГРАДЕЖНИ ЏИНОВИ НА СФРЈ: Некогаш моќната компанија на Тито никој не сака да ја купи и по 22 години стечај
– Агенцијата за лиценцирање на стечајни управители соопшти дека продажбата на белградската градежна компанија Рад во стечај била неуспешна бидејќи не бил уплатен депозит за учество на закажаниот јавен тендер.
Почетната цена за купување на Рад како правно лице беше 1,36 милијарди динари. Таа компанија е во стечај од 2001 година.
Повеќе од две децении, неколку други компании се во стечај, меѓу кои некогаш познатите Југоекспорт, Беко облека, Робне Куќе Београд и Инекс.
ГП Рад е основана на 25 февруари 1947 година.
