Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕА 10, СЕГА СЕ МАКСИМУМ ТРИ – Ковачевски ја брани даночната реформа и вели дека одлуката може да се ревидира за максимум три производи
Економија

БЕА 10, СЕГА СЕ МАКСИМУМ ТРИ – Ковачевски ја брани даночната реформа и вели дека одлуката може да се ревидира за максимум три производи

07/10/2023

AA

Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1.600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. 

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање, според кого, можно е таа да се разгледа но само за еден, два или три производи коишто навистина претставуваат во количини, а се користат на секојдневна основа. Тој направи и споредба на стапката на ДДВ во нашата земја со земјите во регионот, но и во ЕУ.

-ДДВ во нашата држава е најниско во однос на сите држави во регионот, меѓутоа ако го споредите и со сите држави во ЕУ, е најниско. Ние имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти, Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата. Второ, кога ќе ја погледнеме листата на повластени производи на 5 проценти, на таа листа се 1.600 производи коишто претставуваат основни прехранбени артикли во нашата држава.  И тоа е исто така најголемата листа на повластени по пет проценти даночна ставка, производи коишто се користат во нашите домаќинства и од страна на нашите граѓани. Тука спаѓаат сите основни производи коишто се користат, вели премиерот.

Според него, шпекулации се информациите дека брашното ќе се покачело од пет на 10 отсто, бидејќи основните типови коишто се користат во нашето домаќинство остануваат на пет проценти, исто како и за кашкавалот и сиорењето произведени кај нас кои се дел од основните прехранбени производи коишто се користат во секојдневното исхрана на нашите граѓани, а имаме, вели, гарантирани цени коишто исто така се останати на стапка од пет проценти.

-Така да, она што е направено е направено навистина на начин којшто го штити стандардот на  граѓаните, прво, второ како гарантираните цени ќе ги видите податоците за инфлацијата веќе идната недела дека сигурно ќе има намалување, со оглед на тоа дека СМ не дозволи ниту зголемување на цената на струјата, ниту зголемување на цената на парното, ниту зголемување енормно на цената на прехранбените производи со оглед на тоа дека донесовме мерки со коишто ја намаливме цената до 30, 40 проценти на основните прехранбени  производи кои се обележани со гарантирана цена, не постои никаква селективност во спроведувањето на тие мерки и  тоа сите го знаете од она што го комунцира ДПИ. И со тоа сметам дека до крајот на годината ќе дојдеме до она што го проектиравме и што го кажавме пет проценти инфлација која што ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и во Европа, вели Ковачевски. 

Според него, листата, доколку постојат некои прозиводи бидејќи се работи навистина за 1.600 производи, ако има еден, два или три производи коишто навистина претставуваат во количини, нешто што се користи на секојдневна основа тогаш може да се разгледаат.

Тука, како што наведе, не спаѓаат само производи во прехранбената индустрија, тука и производи кои се однесуваат на производство на храна. Значи вештачките ѓубрива и други семенски материјали исто така се на пет проценти повластена стапка. Земјоделска механизација исто така на 5 проценти повластена стапка.

-Што значи ѓубривата исто така на пет проценти повластена стапка. Што значи дека имаше еден инклузивен процес на подготовка на оваа листа во која  што беа вклучени не само МФ туку и сите други министерства кои ги дадоа  своите коментари и навистина имаме држава во која што имаме најниска основна стапка на ДДВ од 18 проценти и најширока листа на производи за секојдневна употреба коишто се на повластена стапка од пет проценти. Другите производи коишто беа на пет проценти, а коишто сега се на 10 проценти, исто така се на повластена стапка. Кај нас основната стапка  е 18 проценти и тие се на повластена стапка од 10 проценти. Значи ние не зборуваме за зголемување на стапките на ДДВ со оглед на тоа дека сите стапки за коишто зборуваме се под основната стапка од 18 проценти, вели премиерот Ковачевски. 

Оваа даночна реформа, нагласи тој, беше хармонизирана и со нашите меѓународни мултилатерални финансиски партнери меѓу ММФ и СБ итн и одобрени од сите, признаени од сите и тоа денеска дојде и како најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy