
„БАТАЛЈОН НА БЕСМРТНИТЕ ИЗВРШИ ЧИН НА ЖРТВУВАЊЕ“: Работничката партија на Курдите ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара
Работничката
партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што се
случи утринава во Анкара, недалеку од зградата на турското Министерство за
внатрешни работи.
– Група поврзана
со нашата Бесмртна бригада извршила жртвен чин против турското Министерство за
внатрешни работи – изјавила вооружената група за АНФ.
Турција и многу
западни земји ја класифицираат ПКК како терористичка организација.
Министерот за
внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и
30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во
Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него,
двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал
експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
– Еден од нив се
разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.
Си-Ен-Ен Турк
јави дека има повредени и дека сите околни патишта се затворени. Според АП,
турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.
Вооружениот
конфликт со ПКК започна во Турција во 1984 година и продолжи во 2015 година.
ПКК, организација која се обидува да создаде независна курдска држава,
вклучително и на турска територија, воспостави бази на ирачки и сириски
територии во близина на турската граница, каде што се цел на турски копнени и
воздушни напади.
ФОТО: EPA-EFE/NECATI SAVAS
