
Басконија по голема борба ја расплака Црвена Звезда
Српскиот тим имаше добар почеток и водство од 30-20 по првата четвртина, односно 52-43 на полувремето, но потоа следеше пад во играта на „црвено-белите“.
Ц. Звезда постигна само 10 поени во третата четвртина, кога Басконија ја направи најголемата предност и пресврт на мечот. До крајот се водеше голема борба, а на крајот славеше гостинскиот тим со 91-90.
Хауард беше најефикасен кај Басконија со 32 поени и две асистенции, додека Матеус постигна 26 поени, три скокови и пет асистенции за Ц. Звезда.
