
Басконија ја повлече „четворката“ на Скола (ВИДЕО)
Шпанскиот прволигаш го повлече од употреба дресот со број 4, а околу 15 илјади присутни имаа можност во живо да го поздрават својот миленик. Скола беше играч на Басконија од 2000 до 2007 година и со овој клуб освои една шампионска титула во АЦБ лигата и три во Копа дел Реј, а со своето однесување ги освои симпатиите на навивачите на баскискиот клуб.
Скола е четврти кошаркар кому му е повлечен од употреба бројот во Басконија. Пред него, таа чест ја добија уште Пабло Приџони (5), Игор Ракочевиќ (8) и Серхи Видал (9).

