
Башким Бесими нов претседател на Советот на Јавни обвинители
Советот на Јавни обвинители попладнево доби ново раководство. За нов претседател на ова значајно правосудно тело е избран јавниот обвинител Башким Бесими.
Изборот беше извршен на денешната седница, со што Бесими го презема кормилото на институцијата која е клучна за кадровската политика, изборот и оценувањето на работата на јавните обвинители во државата.
„Предноста за мене е дека сум бил и заменик веќе имам континуитет и одлуките секогаш се носат колективно, ќе се залагам за сите јавни обвинители во Република Македонија да бидат заштитени во секоја смисла исто така и за медиумите секогаш ќе бидат достапен“, изјави Бесими пред медиумите по изборот.
Бесими доаѓа на функцијата во период кога правосудниот систем е под лупа на јавноста и меѓународните партнери. Како претседател на Советот, тој ќе има одговорност да ја гарантира самостојноста на обвинителството и да раководи со процесите за пополнување на упразните места во обвинителствата низ земјава.
