
Барселона со пресврт во второто полувреме го победи Тотнем (ВИДЕО)
Натпреварот почна одлично за Барса. Со гол на Левандовски поведоа уште во третата минута. Но до крајот на првиот дел Скип постигна два погодока, го сврте мечот и на одморот Тотнем замина со предност од 2-1.
Водството на англискиот тим траеше до 81. минута кога Феран Торес изедначи на 2-2. А во 90. Ансу Фати постигна гол за комплетен пресврт и предност на Барселона од 3-2.
Се чинеше дека тоа е се, но падна уште еден гол, Езалзоли погоди во 93. минута за конечни 4-2.