
Барселона потврди: Капитенот си заминува
Информацијата ја потврди клубот преку социјалните мрежи каде му се заблагодари за придонесот во досегашниот период во клубот. Договорот на Сержи Роберто со Барса истече на 30 јуни, фудбалерот чекаше информација дали новиот тренер Ханси Флик ќе смета на него, а потоа доби дозвола да си замине.
Роберто е „дете“ на Барса, во клубот ги помина сите младински категории и дебитираше за првиот тим во 2010 година и оттогаш одигра вкупно 373 натпревари. Освои седум титули во Ла Лига, шест во Копа дел Реј, пет во шпанскиот Суперкуп, две во Лигата на шампионите, но навивачите најмногу се сеќаваат на него по голот за 6-1 против ПСЖ во март 2017 година, во осминафиналето од ЛШ.
Засега нема информации каде би можел да ја продолжи кариерата, но тој неодамна изјави дека не би можел да игра против Барселона од што може да се заклучи дека ќе замине во странство.
