
Барселона на колена во Мадрид: Белингам погоди во 91. минута за радост на Реал (ВИДЕО)
Кристенсен по само шест минути го матира Лунин, кој направи голема грешка при еден центар-шут, но радоста на каталонскиот гигант траеше кратко бидејќи Винисиус од пенал израмни на 1-1.
Барселона се закани уште неколку пати во првото полувреме, но Лунин овој пат беше на вистина на задачата и не дозволи да биде затресена неговата мрежа.
Фермин Лопез, сепак, го најде патот до голот на Реал Мадрид во 69. минута и ја врати Барселона во водство (2-1).
Реал Мадрид набрзо се врати со погодокот на Лукас Васкез, кој успешно му побегна на невнимателниот Кансело и го матира Тер Штеген.
Во завршницата на дуелот повторно во главна улога беше Белингам, кој во 91. минута погоди против каталонскиот тим за славје на Реал од 3-2.
