
Барселона е во криза – загуби и од Монако!
Монако тргна фуриозно во натпреварот и ја доби првата четвртина со 27-15, а Барселона во продолжение од средбата беше немоќна и не успеа да ја врати резултатската неизвесност.
Џејмс беше најефикасен во победничкиот состав со 20 поени, пет скокови и пет асистенции, додека Паркер постигна 15 поени и пет скокови за Барселона.
