
Барса избега на плус пет: Реал Мадрид без муниција против Сосиедад (ВИДЕО)
Неочекувано блед меч одиграа „кралевите“ во кој првата ѕвезда Карим Бензема ја имаше најголемата шанса во 35-та минута, а колку и да доминираа на теренот, сепак не успеаа барем со еден гол да дојдат до три бода и со тоа да останат близу својот најголем ривал.
Вака, со третото сезонско реми, Реал има сега 42 бода од 18 меча, а Барселона е на 47 на првото место на табелата, додека Реал Сосиедад со третото реми дојде до39 бода на третата позиција на табелата.