
Барди одигра едно полувреме, Трабзон на пенали елиминиран од Сент Гален
Регуларниот дел како и првиот натпревар заврши без победник 1:1, идентично како и средбата пред седум дена во Швајцарија.
На теренот македонскиот репрезентативец беше во првите 45 минути по што тренерот на Трабзон одлучи да го замени со турскиот фудбалер Чихан Чанак.
Место во групната фаза не избори и Зекирија Рамадани кој ја води Дрита каде што настапува и Егзон Бејтулаи. Дрита вореваншот од Легија запиша уште еден пораз со 0-1 како и во првиот дуел.
