Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Барби“ доминира на киноблагајните, собра 155 милиони долари во премиерниот викенд
Магазин

„Барби“ доминира на киноблагајните, собра 155 милиони долари во премиерниот викенд

25/07/2023

AA

„Барби“ на Грета Гервиг заработи неверојатни 155 милиони долари во американските кина во текот на викендот, најголем премиерен викенд за филм во 2023 година и најголемо деби досега за жена режисер.

Филмот, во кој Маргот Роби ја глуми култната кукла, покрај одличниот прв викенд дома, заработи дополнителни 300 милиони долари во светски рамки.

Комбинираното издание на „Барби“ и „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, наречено ‘Барбенхајмер“, стана сензација на поп-културата – и она што би можело да ја оживее филмската индустрија, која е во криза, според познавачите.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80,5 милиони долари во американските кина.

Битката за првото место на боксофисот, на шега беше наречена ‘Барбенхајмер’. Американски медиуми објавуваа фотографии на Килијан и Маргот алудирајќи на трката.

Податоците за заработка се значаен поттик за студијата и киносалите, кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во кинеплексите. ‘Барбенхајмер’-треската со два долгоочекувани, но сосема различни филма, кои пристигнаа во исто време, предизвика голем метеж во киносалите.

„Барби“ е филм за кукла, која се појави пред шеесет години, од перспектива на режисерката Грета Гервиг. Со заработка од 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето ја надмина онаа на „Супер Марио Брос“.

„Барби“ воедно е и филм на жена режисер со најдоброто отворање досега.

Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го глуми американскиот физичар Џеј Роберт Опенхајмер, кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за повеќе „Оскари“. Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната вредност достигна 172,2 милиона долари, според дистрибутерот „Јуниверзал пикчрс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy