
„Бараме правда, а не двојно оданочување“: Повторно протести пред УЈП во Куманово
Граѓани од Куманово и Тетово, кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, протестираа пред Управата за јавни приходи со барање за запирање на присилната наплата и двојното одданочување.
Тие инсистираат на фер постапка и прифаќање на доказите за веќе платени даноци во странство, нагласувајќи дека нивната борба е за законска правда, а не политички мотивирана.
Учесниците најавија јавна средба во Куманово со директорката на УЈП и градоначалникот за транспарентно решавање на проблемот.
Истовремено, изразија благодарност до поддржувачите во Советот на Општината, но и разочарување од оние кои не ја поддржале нивната иницијатива. Протестите продолжуваат во понеделник во Куманово и во вторник во Тетово, со почеток во 14 часот.
