
Бараат уште преживеани од експлозијата во Марсеј
Околу стотина спасувачи продолжуваат да ги пребаруваат остатоците од урнатата станбена зграда во јужниот француски град Марсеј. Шест се досега потврдените жртви, откако синоќа беше пронајдено уште едно тело. Најмалку две лица се уште се водат како исчезнати, но веројатноста да се најдат преживеани е многу мала. Ниту една од жртвите се уште не е идентификувана.
Околу 200 луѓе беа евакуирани од околните згради како мерка на претпазливост бидејќи постоеше опасност од нов колапс. Случајот се истражува, но се уште се нејасни причините за трагедијата. Една од верзиите е истекување на гас.
