Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Барањето за спојување на концесиите во Иловица повторно ќе се најде на владина седница, одлучи Вишиот управен суд
Македонија

Барањето за спојување на концесиите во Иловица повторно ќе се најде на владина седница, одлучи Вишиот управен суд

12/12/2023

AA

Веќе нема дилеми дека инвеститорот во рудникот за бакар во Иловица ја поседува концесијата за парцелата „Иловица 6“. Од компанијата Еуромакс Ресоурцес соопштија дека во нивна полза е најновата пресуда на Вишиот управен суд. На 24 ноември годинава, судот донел трета и финална пресуда по тужбата на инвеститорот за одлуката на Министерството за економија. Таа одлука датира од 2019-тата година и со неа беше одбиено барањето на Еуромакс за дозвола за експлоатација за „Иловица 6“. Освен што актуелната пресуда е во корист на компанијата, во неа се напоменува и дека Владата претходно морала да одлучи по барањето за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“. Без ваквата одлука, како што укажува судот, Министерството за економија немало основа да го поништи барањето за „Иловица 6“. Правната сага траеше пет години, а сега Вишиот управен суд дури и ја поништил одлуката на Министерството.

-Сите судски постапки иницирани од активностите на Владата во однос на концесијата „Иловица 6“ сега се решени во наша полза, Владата е должна да донесе одлука по нашето барање за спојување на концесиите „Иловица 6“ и Иловица 11“, согласно последната пресуда на Вишиот управен суд донесена на 24 ноември 2023 година. Вишиот управен суд донесе пресуда по тужбата на Еуромакс Ресоурцес по одлуката за одбивање од страна на Министерството за економија на нашето барање за дозвола за експлоатација за концесијата „Иловица 6“. Со оваа финална пресуда на Вишиот управен суд се уважува тужбата на компанијата и се поништува оспорената одлука на Министерството за економија, се наведува во соопштението на Еуромакс ресоурцес.

Според пресудата, носењето одлука за барањето за спојување на концесиите за „Иловица 6“ и „Иловица 11“ претставува претходно правно прашање на барањето за експлоатација што Министерството го одбило. Односно, не можело да се одбива таквото барање на инвеститорот од 2016 година, без да се има одговор од Владата за спојувањето. Владата пак до моментот кога Министерството ја носи спорната одлука, ова прашање воопшто не го поставила на дневен ред. Со најновата пресуда на Вишиот управен суд, се нагласува дека Владата е должна да одлучи за спојувањето на концесиите.

-Вишиот управен суд утврди дека Владата има обврска да донесе одлука за барањето за спојување на двете концесии, и исто така посочи дека Еуромакс ги има исполнето сите законски барања за тоа да биде позитивно одлучено. Ние веруваме дека сега Владата има целосен правен легитимитет за повторно да го стави одлучувањето по основ на барањето за спојување и при тоа повторно да одлучи во корист на Проектот, изјави главниот извршен директор на Еуромакс Ресоурцес, Тим Морган – Вин.

Според она што го додава директорот Морган, ако Владата дозволи спојување на двете концесии, компанијата најверојатно ќе се повлече од намерата за меѓународна арбитража, која државата може да ја чини и до една милијарда евра.

-Доколку Владата го одобри барањето за спојување на двете концесии и се продолжи во исполнување на сите законски обврски, ние забрзано ќе го интезивираме развојот на Проектот Иловица-Штука, испорачувајќи моќни економски користи, и истовремено дозволувајќи сенката од евентуална меѓународна арбитража целосно да исчезне, дополнува Морган – Вин.

Владата изминатово лето донесе одлука за спојување на концесиите, но после само еден месец, поточно на 25 јули, се повлече и ја поништи веќе усвоената одлука за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11’“. Па така, одново настана статус-кво ситуација и практично Владата се уште нема донесено одлука за ова прашање, за кое настојува да се одлучи и од страна на Вишиот управен суд. Во основа на одлуката за спојување беше позитивното мислење од страна на Министерството за економија.

Поради ваквиот чекор назад кон остварување на инвестицијата, Еуромакс Ресоурцес повторно се реши да тужи, а постапката, како што соопштија, се уште е во тек.

-Дополнително сакаме уште да ја потсетиме јавноста, компанијата минатата недела испрати писмо до министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова обврзувајќи се дека при експлоатација на минералните суровини во идниот рударски комплекс „Иловица – Штука“, нема да се користи цијанид согласно Законот за минерални суровини; компанијата се заложува за технологија на „суво јаловиште“ при менаџирањето на отпадот од рудникот и се обврзува на изградба на нов водоводен систем за потребите на локалното население, се заклучува во соопштението на Еуромакс Ресоурцес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy