Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ДОКТОРИ И МАГИСТРИ ПО НАУКИ МЕЃУ НЕВРАБОТЕНИТЕ: Кој најмногу чека за вработување и колку луѓе се на листите?!
Економија

И ДОКТОРИ И МАГИСТРИ ПО НАУКИ МЕЃУ НЕВРАБОТЕНИТЕ: Кој најмногу чека за вработување и колку луѓе се на листите?!

12/12/2023

AA

Невработеноста во
Македонија и понатаму останува сериозен проблем за кој е потребно постудиозен
пристап кој ќе придонесе кон негово надминување. Она што зачудува е фактот што и
покрај високата невработеност, компаниите секогаш се жалат дека има недостиг на
кадри, особено на стручни кадри, а од друга страна меѓу невработените, или лицата кои чекаат
работа се и магистри и доктори на нука.

Како што
покажуваат последните бројки на Агенцијата за вработување, дури 13 доктори на
науки
, од кои седум се жени кои бараат работа. Но, покрај нив, и 552 лица кои се
магистри на наука
, од кои 357 жени исто така се во потрага по соодветна работа.
Со високо образование имаме 6.587 невработени лица
, од кои 4.279 се жени без работа.

Ова го покажуваат
последните бројки за невработените лица, односно лицата кои бараат работа и се
пријавуваат во Агенцијата за вработување на Македонија.

Според нивната
евиденција за месец октомври годинава во потргаа по работа се 103.147 лица, од
кои 53.205 се жени
. Од бројките кои ги објави Агенцијата, 61.492 живеат во
град, додека 41.655 баратели на работа живеат во селска средина.

Она што е
значајно да се напомене е дека покрај евиденитраните 103.147 невработени лица,
Агенцијата за вработување има уште 44.467 граѓани кои ги води како други лица
кои бараат работа. Тоа покажува дека во агенцијата во октомври месец имало
147.614 невработени лица кои се пријавиле.

Но, бидејќи
секогаш има и граѓани кои не се пријавуваат во агенцијата за вработување иако
не се никаде во работен однос, очекувано е вкупниот број на невработени лица да
е многу поголем.

Значајно е да се
напомене дека од вкупниот број на невработени, најголем дел се граѓани кои се
на возраст меѓу 55 и 59 години, или поточно 15.501 лице
имаат над 55 години.
Токму овие групи на граѓани најтешко може да најдат работа, бидејќи на некој
начин се пред пензионирање, и шансите за некоја компанија да вложи во нивна
обука или адаптација се многу помали, поради што остануваат ризична група на
граѓани за понатамошно вработување.

Следни на листата
на граѓани кои бараат работа се лицата над 60 години. Во оваа група има 13.936
лица
, а од нив 5.099 се жени. И за нив, како и за претходната категорија шансите
за ново вработување, во нова струка се многу мали, но за оние кои според
досегашното истуство можат да најдат работа можностите се поголеми.

И лицата од 50 до
54 години се меѓу оние со најголем невработеност. Имено во оваа категорија има 12.885
лица
, од кои 6.893 се жени.

Бројките на
Агенцијата покажуваат дека од почетокот на годината имаме благо намалување на
бројот на лицата кои бараат работа. Па така во јануари имало 111.896 невработени
лица и плус 46.064 други лица кои бараат работа или вкупно 157.960 невработени
лица.

Од Институтот за
економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во последниот макро монитор
посочуваат дека иако имало поволно придвижување на пазарот на труд, во последниот
период се забележува стагнација на овие позитивни движења.

– Невработеноста
во третиот квартал од 2023 се намали на 12,8 отсто, од 13,1 процент во
претходниот квартал.
Вработеноста благо се зголеми на 45,7 отсто, од 45,5
проценти во претходниот квартал, додека активноста на пазарот на труд остана
стагнантна на 52,4 отсто. Овие движења се поволни, но значајно побавни од
претходно
– се нагласува во нивната анализа.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy