Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Барањето за основање анкетна комисија за онкологија утре на седница собраниската Комисија за политички систем
Македонија

Барањето за основање анкетна комисија за онкологија утре на седница собраниската Комисија за политички систем

14/09/2023

AA

Во Собранието утре е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со единствена точка на дневен ред Предлог на Одлука за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.

Формирањето на анкетната комисија е на барање на 20 пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави Предлог-одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери, додека пратениците на ДУИ сметаат дека обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа.

Предлог- одлуката содржи 8 члена и со неа се предвидува основање анкетна комисија за, како што се посочува во документот, „анализа на сите документи во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување на политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата“.

Како што стои во предлогот на опозициските пратеници, анкетната комисија треба да ја утврди хронологијата на настаните и околностите во врска со надлежноста на оваа Комисија, ќе ја дефинира политичката одговорност и ќе утврди прекршувања на уставни и законски одредби од страна на Собранието, треба да утврди дали со овој скандал на ЈЗУ Универзитет биле загрозени основните човекови права на пациентите кои што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО системот за подготовка на цисостатиците. Потоа анкетната комисија ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија, Државната Комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Се предлага анкетната комисија да се состои од 13 членови и нивни заменици, од кои: шест членови да бидат предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, четири членови од пратеничката група СДСМ, два члена од пратеничката група ДУИ и еден член од Алијанса за Албанците. Претседателот и заменикот претседател да бидат избрани од редот на членовите на Анкетната комисија од страна на Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата од редот на пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Исто така се предлага седниците на анкетната комисија да се одржуваат согласно со Деловникот на Собранието, одлуките да се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови, а седниците да бидат јавни, освен ако не се одлучи поинаку
согласно со Деловникот. Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија да има обврска да се појави пред Анкетната комисија и да има право да побара да му биде овозможена затворена седница на Комисијата.
Доколку се одлучи да се одржи затворена седница на Анкетната комисија по нејзино завршуваање, претседателот подготвува посебен извештај.

Се предлага секоја пратеничка група има право да предложи листа од сведоци и/или експерти кои ќе бидат прифатени без гласање и истите ќе бидат поканети да дадат изјава пред комисијата. Штом сите личности ќе дадат изјава, пратеничките групи ќе можат да предложат нови листи со сведоци и/или експерти.

Врз основа на наодите, со Предлог-одлуката се предлага анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе извештај најдоцна еден месец по завршување со работа на Анкетната комисија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија откако во јавноста излегоа информации за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти и нејзино продавање за што веќе има отворено истрага.

Во образложението на барањето, тие наведуваат дека Предлогот на Одлука за формирање на оваа Анкетна комисија ја поднесуваат поради скандалозната афера која што се случи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија и онкологија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy