
Барањата на Мицкоски за СДСМ и ДУИ се прифатливи, потврди премиерот Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски потенцираше дека за СДСМ и за ДУИ барањата на ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи и дека треба да се имплементираат и да се оди кон уставни измени.
– Главен заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени. На лидерската се разговараше дека ВМРО-ДПМНЕ сака да влезе да биде дел од Владата и СДСМ е подготвено да отстапи пет министерски места. ДУИ експресно го прифати барањето на Мицкоски да не учествува во Влада во која е ВМРО-ДПМНЕ. Ние му даваме шанса на ВМРО за првпат да учествува во носење на стратешки одлуки за државата – рече Ковачевски.
Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го имплементира тоа што било кажано, а не да се толкуваат предлозите од лидерската средба.
-Тоа што го побара ВМРО-ДПМНЕ за нас и за ДУИ е прифатливо. Другите коалициски партенери како ЛДП и ДОМ рекоа дека е прифатливо и така што сметам дека треба да се оди кон имплементирање на тоа што е кажано, а не на толкување што било кажано – истакна Ковачевски.
