Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Банката на ЕУ се надева дека Арсовска и Водовод наскоро ќе го потпишат фамозниот тендер за пречистителна станица во Скопје
Економија

Банката на ЕУ се надева дека Арсовска и Водовод наскоро ќе го потпишат фамозниот тендер за пречистителна станица во Скопје

22/03/2023

AA

Денеска беше потпишан договорот за грант од ЕУ со Европската инвестициска банка, финансиерот на изградбата и надзорот на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.

Договорот го потпишаа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова.

На прес-конференцијата беше кажано дека сега се очекува соработка од градоиначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и јавното претпријатие Водовод и канализација да го потпише договорот со изведувачот на изградбата и надзорот на оваа исклучително скапа капитална инвестиција.

Токму поради тендерот за пречистителна станица Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со чија поддршка стана градоначалничка на Скопје. Арсовска во септември го разреши од функција директорот на Водовод Златко Перински, бидејќи имала сомнеж дека го мести тендерот.  Разрешувањето беше во време кога се вршеше евалуација на понудите.  Перински ги негираше ваквите наводи на Арсовска, потенцирајќи дека Арсовска со своето мешање може да го загрози тендерот за реализација на пречистителната станица.

Арсовска и Марјан Митовски, новиот в. д. директор кој таа потоа го постави, оттогаш не даваа никакви информации до каде е постапката. Во меѓувреме си замина и Митовски од оваа институција.

– Јас се надевам дека ќе ги надминеме недоразбирањата. Разговарав со Арсовска и ќе ги утврдиме наскоро  термините кога да бидат потпишани овие договори, изјави министерката Шукова денеска пред медиумите.

Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019, кога беше потпишан договорот за заем. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека ќе биде готова во 2025.

На денешната прес-конференција беше кажано дека постапките се завршени, но без потпишан договор со понудувач. Договорот за изградба и надзор треба да го потпише скопски Водовод.

– Она што можам да го кажам  е дека ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина како во добар ред и има зелено светло за Водовод да го потпише договорот, рече Павлова од Европската инвестициска банка.

Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево и ќе биде со капацитет за 500.000 жители.

Во финалната фаза влегоа две компании/конзорциуми со своите понуди. Според претходни медиумски натписи блиски до опозицијата, Арсовска ја фаворизирала турската фирма.

Пречистителна станица Скопје, една од најголемите инвестиции за инфраструктурен проект за заштита на животна средина во земјава, која трајно ќе го реши третманот на отпадните води од градот Скопје и ќе има големо влијание врз заштитата на животната средина, може да почне да се реализира. Обезбедени се 136 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy