
БАКТЕРИЈА КОЈА ГО НАПАЃА МОЗОЧНОТО ТКИВО ПРИСУТНА ВО ПРОТЕИНСКИ СЕНДВИЧИ: Производот се повлекува од продажба
Еден малопродажен синџир повлекува неколку прехранбени
производи поради можно присуство на опасни бактерии, а клиентите кои можеби
веќе го купиле производот се предупредуваат да не го консумираат.
Како што соопшти вчера Државниот инспекторат на Хрватска, станува збор за протеински сендвичи на италијанскиот
производител Алба Трамецини кои се продавале во ланецот супермаркети Студенац.
Врз основа на официјалната контрола кај производителите на
сендвичи во Италија, утврдено е присуството на Listeria monocytogenes и, како
мерка на претпазливост, се повлекуваат производите чии ЛОТ броеви почнуваат или
содржат броеви од 160 до 180 на добавувачот Alba Tramezzini S.p.a.
Листеријата често предизвикува инфекција на централниот
нервен систем. и може да доведе до парализа на мозочните нерви и екстремитети,
менингитис, енцефалитис (воспаление на мозокот) и смрт. Се третира со
специфични антибиотици.
Инфектолозите предупредуваат дека бактеријата има посебна
склоност да го напаѓа мозочното ткиво и кората на мозокот.
Меѓу инфекциите кои се пренесуваат преку храна, листериозата
е најопасна бидејќи често завршува со смрт.
ФОТО: EPA
