Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Багатела! Каде во Македонија се продаде струја по цена од 5,6 евра за мегаватчас?
Економија

Багатела! Каде во Македонија се продаде струја по цена од 5,6 евра за мегаватчас?

19/12/2023

AA

На македонската берза за струја, организирана од државниот оператор МЕМО, во ноември беше истргувана струја за 6,79 милиони евра. И тоа е најголем промет во последните три месеци. Просечната цена за истргуван мегаватчас изнесува 103,4 евра, но среќлија успеа да купи струја за 5,6 евра за мегаватчас. Но имаше и такви кои што платија 244 евра за мегаватчас

Ноември бил месец на екстреми на Македонската берза за струја (чиј организатор е МЕМО), покажуваат официјалните податоци за трговија со струја достапни на веб страницата на операторот на пазарот за електрична енергија www.dam.memo.mk

Официјалните податоци на МЕМО покажуваат дека ноември ќе биде запаметен по две работи. Прво, по тоа што е остварен рекорден промет со електрична енергија истргувана на македонската берза за струја. Во овој месец на организираниот пазар за електрична енергија биле истргувани 65.641 мегаватчас електрична енергија. За да биде поразбирливо потребно е да наведеме дека таа количина струја е доволна да покрие потрошувачка на ниво на Македонија за 3 до 4 дена во ноември.

Просечната пазарна цена била 103,4 евра за еден истргуван мегаватчас. Трговијата со струја на МЕМО му донела промет од 6,79 милиони евра од тргувањето со струја. Најголем дел од тие пари завршиле кај учесници на пазарот кои продавале струја, а МЕМО задржал мал дел за трговски провизии и за клиринг услуга која ја добива од домашна банка.

Прометот со струја постигнат во ноември е најголем во последните три месеци (септември, октомври и ноември). Со оглед на тоа што организираниот пазар за трговија со струја започна да работи на средината на мај година, секој резултат е успех и е за поздравување. Особено затоа што прометот на берзата во ноември годинава во споредба со октомври е зголемен за 36 отсто.

Второ што го одбележа ноември е тоа што на пазарот за струја во раните утрински часови (помеѓу 2 и 3 после полноќ) е регистрирана најниската цена за мегаватчас струја.

Алгоритамот на МЕМО кој ја определува пзарната цена за мегаватчас, врз основа на добиените продажни и куповни налози за трговија со струја, за периодот помеѓу 2 и 3 часот наутро во понеделник на 6 ноември утврдил купопродажна цена од 5,57 евра за мегаватчас. Во тој час на берзата биле истргувани 25,4 мегаватчасови електрична енергија.  Повеќе детали за истргуваните количества струја за ноември се достапни на следниот линк https://dam.memo.mk/?page_id=30278

Највисоката цена за истргуван мегаватчас струја во ноември изнесува 244 евра. А најголема истргувана количина струја во еден час постигната во ноември изнесува 300 мегавати. Повеќе детали се достапни на следниот линк https://dam.memo.mk/wp-content/uploads/2023/12/DAM_-November_2023.pdf

Р.Ф.

foto freepik.com/evening_tao

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy