
Баерн си ја спаси сезоната, Мбапе ги уништи сништата на Сосиедад (ВИДЕО)
Во реванш мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите, „баварците“ го растурија Лацио со 3-0 и ги надополнија оние 0-1 од првиот меч во Рим. Со тоа изборија место меѓу осумте најдобри во Европа и ќе ја очекуваат ждрепката за следната фаза од елитното европско натпреварување.
Херој на Баерн беше англискиот репрезентативец Хари Кејн кој постигна два од трите гола и со вкупно шест изби на првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите, со Килијан Мбапе. Треиот гол, втор на мечот, беше дело на Томас Милер кој одлично реагираше по ударот на Де Лихт и со глава ја спроведе топката во мрежа. Својата шанса, Лацио ја пропушти при резултат 0-0 кога Имобиле можеше да го донесе својот тим во водство, но промаши изгледна прилика.
Пласман во четвртфиналето очекувано избори и ПСЖ кој славеше и на гостувањето кај Сосиедад, сега со 2-1 и ги уништи сништата на баскискиот клуб дека може да го оствари најголемиот успех во својата историја. Мбапе ги постигна двата гола за францускиот првак и со тоа практично е стрелец на три од четирите погодока на ПСЖ на двомечот со Сосиедад. Почесниот гол за Сосиедад беше дело на Мерино во 89. минута.
