
Баерн Минхен тешко победи, гостинскиот тренер удри фудбалер на Баварците (ВИДЕО)
Баварците победничкиот гол го постигнаа на стартот од второто полувреме преку Гереро, а набрзо потоа мрежата на берлинците ја затресе и Хари Кејн, но неговиот погодок беше понишен по реакција од ВАР собата. Домаќинот напаѓаше постојано, но не создаде премногу идеални шанси за сместување на топката во противничката мрежа. Кон средината на вториот дел се случи голем инцидент по кој беше исклучен гостинскиот тренер, Ненад Бјелица, кој се дрзна да удри противнички фудбалер, Лирој Сане, во лицето.
Ова беше заостанат меч од 13. коло по кој Баерн Минхен дојде до 44 бодови и сега има четири помалку од лидерот Баер Леверкузен, а дури десет повеќе од третопласираниот Штутгарт.