
Баерн Минхен сака да го купи Трипие од Њукасл
Трипие наводно веќе постигнал договор со баварскиот гигант, па така Томас Тухел би добил уште едно засилување од Премиерлигата.
Дефанзивецот на Њукасл оваа сезона настапи на 19 меча во англискиот шампионат и асистираше за седум голови, а неговата вредност на трансфер-маркетот во моментов се проценува на 11 милиони евра.