
Баерн ја најде замената за Тухел, ама ќе го чини 12 милиони евра
Изборот е максималено скратен, а довербата најверојатно ќе ја добие Италијанецот, Роберто де Ѕерби. Тој и порано се спомнуваше како кандидат за клупата на Баерн, меѓутоа конкретни преговори со него немаше бидејќи Баерн имаше бројни други опции.
Сега тој е прв фаворит со тоа што во случајот се прашува и неговиот актуелен тим Брајтон. Со оглед на тоа што е под договор, Баерн ќе мора да плати отштета од 12 милиони евра, а целиот процес е можно да заврши в понеделник за кога е закажан состанок.
