
Баер Леверкузен го совлада Мајнц за четврти триумф по ред!
Гранит Џака по само три минути ја затресе мрежата на гостите, меѓутоа радоста на „фармацевтите“ траеше само до осмата минута кога Кор погоди за израмнување на 1-1.
Андрих го постигна вториот гол за домаќините во 68. минута, а потоа Мајнц остана и со играч помалку поради црвениот картон на Нганкам.
Избраниците на Чаби Алонсо имаат 61 бод на првото место, односно 11 повеќе од Баерн Минхен, додека Мајнц е претпоследен со 15 бодови.