Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бадникови поворки по 14-ти пат во 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората
Македонија

Бадникови поворки по 14-ти пат во 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората

06/01/2024

AA

Бадниковите поворки како форма на радосно здружување на децата кои после коледарењеto во своите маала, се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“, оваа година ќе се одржат по 14-ти пат и ќе опфатат 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората.

Централната манифестација во Скопје ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“ и на едно место ќе ги собере коледарчињата од сите скопски општини кои ќе ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе чекори кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ на топол прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во рамките на манифестацијата, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан, а ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што им го покажала патот на Мудреците кон местото на Раѓањето на Богомладенецот. Божиќниот концерт пак, ќе биде генерална проба за божиќните каланди што се пеат на Бадник и Божиќ и традиционално ќе го предводи „Златно славејче“ во придружба на македонските поп-ѕвезди: Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Македонските улици по градовите и селата сè уште свежо се сеќаваат на божиќните каланди што се пееле под ова небо уште од средновековието. Токму тие се вистинскиот глас на Рождеството надвор од храмовите, а пак Бадниковите поворки кои ги преплавуваат улиците со детски насмевки се вистинската слика за Божиќ во Македонија.

Како возобновувач на православната традиција, Здружението „Бадникови поворки“ оваа година го доби највисокото признание на КОВЗ „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето трајни вредности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy