
Бабунски со два гола донесе победа за Дебрецин (ВИДЕО)
Бабунски го постигна првиот гол во 27. минута за водство на Дебрецин, по што Хонвед преку Домингез и Лукиќ направи целосен пресврт до 54. минута.
Дебрецин преку Бабунски во 71. минута израмни на 2-2, а за пресврт и триумф стрелаше Манце во финишот од дуелот.
Македонскиот фудбалер со двата гола стигна до девет погодоци во унгарскиот шампионат, додека Дебрецин со победата скокна до четвртото место.