
БАБАТА НА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ИСЧЕЗНА ВО СРБИЈА: Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето
Бабата на Дуња Марковиќ верува дека некој ја зел и ја вратил на местото каде што е пронајдена. Девојчето исчезна вчера во Уб, а денеска е најдена.
Даниела Ѓорѓевиќ, бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото на кое е пронајдено.
„Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето“, рекла Ѓорѓевиќ.
Таа им се заблагодари на полицијата и на луѓето за укажаната помош за што побргу да му се помогне на девојчето.
„Има само две години, не зборува многу, не ја ни научивме да зборува толку“, изјави Ѓорѓевиќ.
Двегодишната Дуња Марковиќ утрово е пронајдена свесна и е пренесена на преглед во болница.
Девојчето го пронашло куче трагач од планинската спасувачка служба на оддалеченост од два-три километри од куќата, пренесува „Танјуг“.
По исчезнувањето на детето, вчера беше активиран системот „Пронајди ме“.