Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бајден собра рекордни средства за кампањата во Њујорк
Македонија

Бајден собра рекордни средства за кампањата во Њујорк

29/03/2024

AA

Американскиот претседател Џо Бајден учествуваше на собирање средства за неговата претседателска кампања во Њујорк заедно со поранешните демократски претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, а се проценува дека на настанот собрал повеќе од 25 милиони долари.

Во четвртокот за собирање средства за кампањата за реизбор на Бајден во Радио Сити Мјузик Хол беше водителка на актерката Минди Калинг и на неа учествуваа неколку музички гости и уметници, јави Танјуг, цитирајќи ја Си-Би-Ес Њуз.

На средбата зборуваа и лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом Хаким Џефрис, лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и првата дама на САД Џил Бајден.

Поддршка за Израел и решението за две држави

Шумер го пофали рекордот на Бајден и зборуваше за неговиот потенцијал да биде реизбран за американски претседател на изборите во ноември.

Бајден ја повтори својата поддршка за Израел и неговото право на самоодбрана, но рече дека има „премногу невини жртви“ и дека треба да дојде повеќе помош за Појасот Газа.

Актуелниот американски претседател исто така поддржа решение кое подразбира формирање на две држави.

Досега Бајден во кампањата инкасирал 155 милиони долари, а поранешниот американски претседател и најверојатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп 74 милиони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy