Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода
Македонија

Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода

03/08/2023

AA

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика пучистите во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и неговото семејство.

„Повикувам на итно ослободување на претседателот Базум и неговото семејство и за зачувување на тешко стекнатата демократија во Нигер“, се наведува во изјавата на Бајден објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Американскиот претседател додаде дека одбраната на основните демократски вредности, застапувањето за уставниот поредок, правдата и правото на мирно собирање се од суштинско значење за партнерството меѓу САД и Нигер.

„Оваа година, додека земјата ја одбележува 63-годишнината од својата независност, Нигер се соочува со сериозен предизвик за нејзината демократија. Во овој критичен момент, САД стојат покрај народот на Нигер во чест на нашето повеќедецениско партнерство вкоренето во заедничката демократска вредности и поддршка за граѓанското управување“, изјави Бајден.

Американскиот претседател посочи дека народот на Нигер има право да ги избере своите лидери и дека својата волја ја изрази на „слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“.

Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале Уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy