
Бајден го нарече Маск лицемер по откритијата дека милијардерот работел илегално во САД
Американскиот претседател Џо Бајден го критикуваше Илон Маск за неговото лицемерие во однос на имиграцијата, откако весникот „Вашингтон пост“ објави дека Маск роден во Јужна Африка некогаш работел илегално во САД, објави Асошиетед прес. Бизнисменот ги негира обвинувањата. „Најбогатиот човек на светот испадна дека е нелегален работник овде. Не, јас сум сериозен. Требаше да учи […]

