
Азири за куќата на Таравари: 30 години човекот е врвен лекар, па ќе си купи една куќа
Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на собраниската седница реплицираше за обвинувањата околу куќата на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во скопска населба Тафталиџе.
Тој меѓудругото истакна дека Таравари е лекар 30 години.
„30 години човекот е врвен лекар, па ќе си купи една куќа“, порача Азири.

